Нашите почетоци

СИВ Охрид ДОО поседува современо производство на термо и адинг ролни за фискални регистар каси, штампачи и банкомати.

Почетоците на фирмата се направени во 1994год. со отворање на една книжарница. Развојот е правен постепено со сопствен капитал. Во 1998год. отворена е и втора книжарница. Наредната 1999 година е отворено призводството, најнапред во една мала просторија под закуп, па потоа во 2002год. во сопствени простории.

Почнување со производство

Од 2000 г. започна нашата успешна соработка со компанијата Келер од Германија.

Во овој период имаме стекнато ексклузивно право за увоз на термо хартија за Македонија.

До сега се прави постојан развој на фирмата со опрема и возен парк како: флексо штампач, нова машина за конфекција, транспортни средства и др.

Ролните се произведуваат со најквалитетна термо хартија, која е сертифицирана, што гарантира долг животен век на вашите апарати и штампачи.

Директни увозници сме за термо хартија на реномирани европски и азиски производители.

Со капацитет од околу 20.000 ролни дневно и преку сопствена мрежа на дистрибуција, спремни сме да одговориме на потрените на домашниот и регионалниот пазар.

Во понуда ги имаме сите димензи на термо ролни, а сме и во можност да се прилагодиме на потребите на купувачите спрема потребните димензии, со можност за штампање на лого или реклама на позадината.

Продажба на големо и мало

Покрај производството, како дел од организационата структура на СИВ се и трговијата на големо и трговијата на мало.

Располагаме со две книжарници познати под името Снежана.
Во двете книжарници нудиме малопродажба на канцелариски и школски материјал и фотокопирски услуги. Во регионот сме најголеми производители на термо ролни за фискални апарати.